Викендов Елиф Елмас беше за првпат стартер во редовите на Лајпциг во натпреварот против Дармштад (2:0).
Сепак, македонскиот репрезентативец одигра само едно полувреме, тренерот Марко Росе на паузата одлучи на негово место во игра да го уфрли Баумгатнер кој беше стрелец и на вториот гол.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Замената беше изненадувачка, меѓутоа Росе даде објаснување. Елмас играше добро и не разочара по првите 45 минути, а морал да биде заманет поради здравствени проблеми.
„Елмас одигра добро полуваме, можеше да се забележи дека беше мотивиран и полн со енергија и тоа е задоволувачки за мене.
На паузата ми кажа дека не се чувствува најдобро, се пожали на болки во стомакот и главата, па немав друг избор. Бев изненаден и јас, но не сакав ништо да ризикувам“, објасни стратегот на Лајпциг.