ФИФА денес ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата на четвртфиналните натпревари на Мундијалот.
Натпреварот кој е означен како најголемо дерби во оваа фаза, Барзил – Белгија му е доделен на српскиот судија Милорад Мажиќ, а негови помошници ќе бидат Далибор Џурџевиќ и Милован Ристиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Другиорт натпревар кој на програмата е утре помеѓу Уругвај и Франција ќе го суди Аргентинецот Нестор Патина на кого ќе му помагаат Хуан Пабло Белати и Ернан Мајдана.
Бразилецот Сандро Ричи ќе ја дели правдата на мечот помеѓу домаќинот Русија и Хрватска, а ќе му помагаат Емерсн де Карваљо и Марсело ван Гасе.
Натпреварот помеѓу Шведска и Англија ќе го суди Холанѓанецот Бјорн Кјуперс, а негови помошници ќе бидат Сандер ван Рукел и Ервин Зејнстар.