Дома Останати Кошарка НБА Познати сите парови за плеј-офот во НБА

Познати сите парови за плеј-офот во НБА

Кошаркарите на Мајами Хит се пласираа во плеј-офот на НБА, откако во плеј-инот го совладаа Чикаго Булс со резултат 112:91.

Одличната шутерска форма на Хит на овој натпревар, како и енергијата и добрата одбрана, беа одлучувачки за тимот на Ерик Споелстра да ги исфрли Булс и тоа многу убедливо. Погодија 14 тројки од 33 обиди (42,4 отсто), Тајлер Хир беше расположен и постигна 24 поени, а имаше и 10 скока и девет асистенции. Кај биковите се истакна Демар Дерозан со 22 поени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во плеј-оф серијата, Хит ќе играат против Бостон Селтикс во реприза од минатогодишното финале на Источната конференција.

Во вториот натпревар од плеј-инот, од западната страна, Њу Орлеанс Пеликанс го елиминираа Сакраменто Кингс (105:98) благодарение на одличната тимска игра и распределбата на поените. Затоа, 35-те поени на Дирон Фокс не беа доволни за кралевите. Пеликанс имаше дури шестмина кошаркари со двоцфирен број на поени. Најмногу се истакна Брендон Инграм со 26 поени, додека Јонас Валанчиунас постигна 19 со 12 скока.

СИТЕ ПАРОВИ ВО ПЛЕЈ-ОФОТ:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…