Вчера беше одржан состанок помеѓу извршниот директор на Интер, Икарди и неговата сопруга.
Интер преку својата официјална страна потврди дека состанок помеѓу Икарди, Ванда и Марота имало. Сега се откриваат и детали од состанокот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Како што пренесуваат италијанските медиуми се верува дека до примирије од двете страни би можело да дојде до крајот на сезоната.
Икарди е свесен дека нема да ја добие капитенската лента назад, најверојатно и нов договор, но тој бара неговиот професионализам и пожртвуваност да бидат препознаени, посебно бидејќи играл со повредено колено.
Марота најави дека работите одат кон подобро.
„Минатото е минато, ја бараме најдобрата формула да се вратиме на вистинскиот пат“, изјави извршниот директор на нероаѕурите.
Сепак и понатаму не е познато каков е односот со Перишиќ и Брозовиќ кои од сопругата на Икарди бараа извинување за обвинувањата.
Под голем знак прашалник е и судбината на тренерот на Интер, Спалети. Посебно после серијата слаби резултати во Серија А која доведе и до тоа Интер да стравува за пласманот во Лигата на шампионите наредната сезона.
Мурињо и Конте се споменуваат како тренери кои на лето би можеле да ја превземат клупата на тимот од „Џузепе Меаца“.
Како и да е Интер денес се враќа на обврските во Лигата на Европа, вечерва ги очекува натпревар против Ајнтрахт во рамките од осминафиналето од ова натпреварување.