Каталонските медиуми вечерва ги пласираа деталите, Хавиер Маскерано ќе ја напушти Барселона на крајот од зимскиот преоден рок и ќе го засили кинески Хебеи.
На Каталонците ќе им биде исполнета желбата, ќе добијат 10 милиони евра за искусниот стопер, а интересно е што навивачите сметаат дека ова е добро за клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, во анкетата на Мундо Депортиво, дури 86% навивачи одговориле позитивно на прашањето – дали продажбата на Маскерано за 10 милиони евра е добар потег на клубот, додека само 14% смета дека ова е лоша одлука.
Со оглед на тоа дека Умтити е повреден и Џерар Пике е во слаба форма оваа сезона, а третиот стопер Томас Вермален не е баш најпаметна одлука.
Сепак, сега е сигурно дека Барселона во јанури ќе се обиде да донесе уште еден стопер.