Дома Фудбал Италија Познати деталите од повредата на Наинголан

Познати деталите од повредата на Наинголан

Најголемото засилување на Интер ова лето, Раџа Наинголан се повреди за време на пријателскиот меч со Сион, а денес станаа познати и деталите од повредата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Интер преку официјално соопштение потврди дека Наинголан има истегнување на бутниот мускул. Од лекарскиот табор на „нероаѕурите“ потврдија дека ќе ја следат состојбата во следните денови.

„Наинголан и Карамо денес поминаа детални лекарски прегледи. Белгиецот има истегнување на бутниот мускул на левата нога, додека Карамо има повреда на десното колено. Состојбата ќе биде под надзор во следните денови“, соопштија од Интер.

Иако од миланскиот клуб не прецизираа колку ќе паузираат двајцата фудбалери, се очекува за две до три недели да се вратат во тренажен процес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Силекс се засили со тандем босански напаѓачи!

Екипата на Силекс ги потврди првите две засилувања за новата сезона, а станува збор за два…