Според познатиот УФЦ коментатор Мекгрегор нема да добие реванш против Кабиб Нурмагомедов.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Џо Роган за медиумите зборуваше за евентуална нова борба помеѓу Нурмагомедов и Мекгрегор, но тој е убеден дека до такво нешто нема да дојде.
Роган тврди дека нареден кој ќе се бори со Кабиб е фантастичниот Тони Фергусон.
„Не верувам дека Конор ќе добие реванш. Паметен облог би бил Тони Фергусон.Верувам дека тој ќе се бори со Кабиб“, изјави Роган и додаде.
„На Тони не требаше да му биде одземена титулата. Човекот се повреди во текот на прес-конференцијата, ги скина лигаментите на коленото, а шест месеци подоцна се врати и во спектакуларна борба го уништи Ентони Петис. Би се обложил дека тој е наредниот противник на Кабиб“.
„Фергусон воедно би бил и најтешкиот предизвик за Кабиб. Има страшно кардио и разновидност во борбата. Може добро да се бори и кога има човек на грб, така го натера Кевин Ли да се предаде и дојде до титулата“, изјави Роган.
Фергусон е еден од најспектакуларниот борци во УФЦ и во кариерата има скор од 24 победи и три порази.
https://youtu.be/-h3jHiO5pgw