Дома Топ вести Познатиот агент открива: Рабио доаѓа на зима во Италија! Милан или Јуве?

Познатиот агент открива: Рабио доаѓа на зима во Италија! Милан или Јуве?

Еден од најпознатите италијански агенти, Џузепе Боцо лансираше вистинска трансфер „бомба“ која би требало да се реализира во јануарскиот преоден рок.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Боцо е еден од најпознатите европски агенти и во интервју за „Тутоспорт“ истакна дека со новите правила на УЕФА трансфер пазарот во јанури ќе биде многу поинтересен.

Имено, според новото правило клубовите ќе имаат можност во јануари да пријават по двајца нови фудбалери во Лига на шампиони и Лига Европа, иако истите веќе настапувале за други клубови во европските натпреварувања.

„Со новото правило на УЕФА трансфер пазарот во јануари ќе биде вистински и ќе бидеме сведоци како големи фудбалски имиња ги менуваат клубовите“, изјави Боцо, кој потоа откри кој би можел да биде назвучен трансфер.

„Мислам дека Рабио сигурно ќе ја промени средината во јануари. Неговиот договор со ПСЖ истекува на лето и одбива да го продолжи. По тоа што го знам јас, Рабио ќе пристигне во Италија во јануари. Милан е фаворит пред Јувентус за неговиот потпис“, изјави Боцо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…