Примарна трансфер цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио, тврдат италијанските медиуми.
Србинот одби да го продолжи договорот со Лацио бидејќи сака трансфер, а неколку европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Со оглед на фактот дека Милинковиќ-Савиќ на лето влегува во последната година од договорот Лацио ќе биде приморан да го продаде.
Тренерот Пиоли одлично го познава СМС од времето кога работеше во Лацио и сака да го убеди да му се придружи на „Сан Сиро“.
Бидејќи на лето Сергеј ќе влезе во последната година од договорот се верува дека Лацио ќе мора да се задоволи со 50 милиони евра, сума која „росонерите“се спремни да ја платат.
Малдини веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака да ја победи конкуренцијата, бидејќи за СМС интерес покажуваат уште Арсенал и Јувентус.