Коронавирусот прави проблеми и во македонската кошарка.
Позитивен случај на Ковид-19 се појави во најтрофејниот македонски кошаркарски колектив. Работнички требаше да игра пријателски натпревар против Вардар, но тој се одложи откако неколку лица во клубот покажале симптоми на коронавирус, а еден случај бил позитивен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Позитивен бил тестот на Американецот Демиер Питс.
“Би сакале да ја информираме јавноста дека американскиот плејмејкер Демиер Питс, кој неодамна ја продолжи соработката со КК Работнички е позитивен на вирусот КОВИД -19.Кај Питс е евидентиран позитивен тест, по направените редовни контролни тестирања од страна на раководството на КК Работнички. Тестирани се и останатите играчи, кадешто тестовите се негативни на вирусот КОВИД-19.До добивање на епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување, Американецот Демиер Питс останува во изолација.Почитувајќи ги протоколите за работа и мерките од Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, КК Работнички продолжува со редовна работа и одржување на тренизите со останатиот кошаркарски тим, за подготовка на домашните првенства и меѓународни натпреварувања“, стои во клупското соопштение.
Поради ваквата ситуација тестови ќе мора да направаат и тимовите кои играа против Работнички.
Фото: КФСМ
Сезоната во македонската кошарка беше планирано да започне на 3. октомври со натпреварот помеѓу КК Работнички и МЗТ Скопје.