Дома Останати Тенис Поенот за кој долго ќе жали: Моментот кога Ѓоковиќ го „изгуби“ мечот со Алкараз 🎥

Поенот за кој долго ќе жали: Моментот кога Ѓоковиќ го „изгуби“ мечот со Алкараз 🎥

Карлос Алкараз вчера го победи Новак Ѓоковиќ и така го освои Вимблдон прекинувајќи ја доминацијата на српскиот тенисер на овој турнир.

Мечот донесе голема битка која траеше четири часа и 46 минути, а Ѓоковиќ има за што да жали. Ѓоковиќ во вчерашниот меч правеше грешки во клучни моменти и тука може да ја причината за поразот од 16 години помладиот Шпанец за кого ова беше прва титула на Вимблдон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најважниот поен кој Алкараз го освои по грешка на Ѓоковиќ го видовме во одлучувачкиот петти сет. Тука Ѓоковиќ имаше 1:0 во сетови и брејк можност на 40:30. Доби Новак одлична прилика со волеј да го заврши поенот, но несвојствено за него ударот заврши во мрежата.

Алкараз ја искористи дадената шанса и во продолжение го освои гемот, а подоцна направи и брејк кој му беше доволен да го освои сетот и да победи во мечот.

@danijelmalac

♬ original sound – Mr.SMOKI
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…