Дома Фудбал Италија Под 50 милиони не доаѓа предвид: Спремен ли е Интер веднаш да го продаде новото засилување и тоа на Каталонците?!

Под 50 милиони не доаѓа предвид: Спремен ли е Интер веднаш да го продаде новото засилување и тоа на Каталонците?!

Клубот од Барселона во своите редови сака да го види фудбалерот на Интер, Милан Скриниар, но тоа речиси е невозможно во јануари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој фудбалер кој летово пристигна од Сампдорија игра стандардно и докажа дека е фантастичен дефанзивец, па интересот на Барселона за него е нормален.

„Во текот на летото потпиша петгодишен договор со Интер, никој во клубот не смета веднаш да го продаде“, истакна неговиот агент Карол Ксонто.

„Можно е да се случи некој да понуди огромна сума на пари, измеѓу 50 и 70 милиони, мислам дека Интер тогаш би размислувал за продажба“, истакна менаџерот.

Како што се наведува и Манчестер Сити е вклучен во трката за овој фудбалер, останува да видиме дали и по крајот на сезоната ќе остане во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал не се откажува од ѕвездата на Премиер лигата

Според написите на медиумите на „Островот“, раководството на Арсенал ги засилило преговори…