Финансиската полиција денес потврди дека е поднесена кривична пријава за затајување на данок против поранешниот прв човек на македонскиот фудбал Илчо Ѓорѓиоски.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Поранешниот претседател на ФФМ е осомничен за фалсификување или уништување на документација со цел да оствари личен приход.
Според информациите на финансиската полиција Ѓорѓиоски не направил отпис на 2017 година на ненаплатени побаравуања од затворен правен субјект „АД Тобако Скопје“ и „АД Југохром Јегуноце“ во износ од 16.8 милиони долари.
„ И. Ѓ. во својство на претседател на Фудбалската федерација на Македонија, во периодот од 1 јануари 2017 до 27 февруари 2018 година, со цел правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист, свесно прикажал лажни и невистинити податоци во завршната сметка за 2017 година, кои ги поднел на 27 февруари лани до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар“, стои во соопштението од Финансиската полиција.