Македонската ракометна репрезентација без поголеми проблеми запиша голема победа над Луксембург (38:24) во квалификациите за Европското првенство во 2024.
Подмладената селекција на Кире Лазаров покажа дека има квалитет и дека македонскиот ракомет има розова иднина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Победникот беше решен уште во првото полувреме кога Македонија замина на одмор со 11 гола предност (18:7).
Во вториот дел следеа неколку промени од страна на селекторот Лазаров, но и покрај тоа рутински ја одржуваа предноста за конечна победа од 38:24. Најефикасен во составот на Македонија беше Кузманоски со шест гола.
Фото: РФМ