Дома Фудбал Погледнете ја реакцијата на Пеп кога Тотенхем имаше голема шанса за израмнување

Погледнете ја реакцијата на Пеп кога Тотенхем имаше голема шанса за израмнување

Манчестер Сити е на прагот на нова шампионска титула во Англија. За новата круна ќе му биде потребна победа против Вест Хем во натпреварот од последното коло, а за вчерашната победа Пеп може да му се заблагодари на неочекуваниот јунак Ортега кој го замени повредениот Едерсон во 69. минута.

Во 86-та блесна со својата реакција во акцијата во која Сон беше во ситуација еден на еден. Да постигнеше гол напаѓачот на Тотенхем ќе израмнеше на 1:1, а прашање е како ќе изгледаше крајот на натпреварот. Тоа не се случи, Ортега го сопре обидот на Сон со десната нога, а набргу потоа Ерлинг Халанд ги постигна конечните 2:0 со својот втор гол.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Колку беше важна таа одбрана, покажа реакцијата на Пеп Гвардиола, кој следеше што се случува на теренот. Кога Ортега го направи потегот што му донесе награда за играч на натпреварот, менаџерот на Сити за момент падна на земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …