Репрезентацијата на Франција го совлада Израел со 1:4 во Будимпешта, каде Израелците беа домаќини, во третото коло од групата 2 од елитната Лига на нации.
Избраниците на Дидие Дешамп рано поведоа со голот на Камавинга во седмата минута, а најголем виновник за тој гол е голманот на Израел, Омри Глејзер, кој брани за Црвена Звезда. Погледнете го голот ТУКА.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Израел израмни во 24. минута преку Омри Ганделман. Французите сепак не дозволија изненадување. Кристофер Нкунку ја врати предноста на својот тим само четири минути по израмнувањето, додека Матео Гендузи и Бредли Баркола на крајот од натпреварот, во 87. и 89. минута и донесоа убедлива победа на Франција.