Дома Фудбал Лига на шампиони Погледнете го промашувањето на Ковачиќ, соиграчите се фатија за глава

Погледнете го промашувањето на Ковачиќ, соиграчите се фатија за глава

Фудбалерите на Манчестер Сити се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите веќе по четвртиот натпревар од групната фаза.

Актуелниот европски првак во синоќа беше домаќин на Јанг Бојс, против кого доминираше во текот на 90 минути, победувајќи го со 3:0 и стигна до четвртата победа во исто толку натпревари во групата Г.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тоа беше натпревар во кој швајцарскиот тим немаше ниту еден шут, а Сити имаше 71 отсто посед на топката и вкупно 27 удари, од кои 10 во рамките на голот. Двоен стрелец беше Ерлинг Халанд, а меѓу неговите голови во 23. и 51. минута погоди и Фил Фоден во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме.

Покрај головите имаше и многу промашувања, а едно од нив е на Ковачиќ.

Се играше во 73. минута кога Рико Луис одлично додаде до осамениот Ковачиќ на околу 15 метри на средината од голот. Осум играчи од ривалскиот тим во тој момент се најдоа во својот шеснаесетник, а Мигел Чанга Чаива дури и се фрли пред хрватскиот играч за врска во моментот на ударот.

Топката помина покрај десната статива од голот на Ентони Рациопи, а играчите на Сити почнаа да се фаќаат за глава.

Ситуацијата погледнете ја ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…