Дома Фудбал Англија Погба: Овој трофеј е за загинатите, за целиот Манчестер!

Погба: Овој трофеј е за загинатите, за целиот Манчестер!

Пол Погба синоќа го постигна еден од најзначајните голови во својата кариера и беше еден од најдобрите поединци на теренот, иако се наоѓа во тежок период од животот.

На Французинот пред две недели му почина таткото, па поради тоа доста лично го прими терористичкиот напад во Манчестер каде загинаа 22 луѓе.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Таквите случувања се шок за целиот свет. Моравме да останеме сконцентрирани и фокусирани, што навистина не беше лесно. Победивме за прекрасниот град Манчестер, додавме се од себе. Игравме за Англија, за сите загинати, игравме за целиот свет“, изјави Погба.

Французинот потоа истакан дека во финалето од Лигата на шампиони ќе навива за Јувентус и дека го очекува својот поранешен клуб во Суперкупот на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Екс-фудбалерот на Интер пијан се заканувал на полицајци: Сите ќе ве убијам како овци!

Aктуелниот фудбалер на Нови Пазар, Адем Љајиќ, во алкохолизирана состојба го нападнал реце…