Дома Фудбал Англија Погба: Мегваер го викам ѕвер

Погба: Мегваер го викам ѕвер

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба го карактеризираше својот нов соиграч Хари Мегваер како лидер после настапот против Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените ѓаволи“ го доведоа Мегваер за 93 милиони евра што е рекорден трансфер за еден дефанзивец. Јунајтед во неделата го декласираше Челзи со 4:0 на „Олд Трафорд“ во првото коло од Премиер лигата, а англискиот фудбалер импресионираше на своето деби.

„Го викам ѕвер. Разговаравме за тоа дека одбраната мора да биде добро контролирана, а тој одлично се разбира со Виктор Линделоф. Беше ова одличен натпревар за целиот тим на стартот од сезоната. Во првото полувреме Челзи беше можеби нешто подобар, но во второто ние ја превземавме контролата. Имавме среќа после првото полувреме да поведеме, а после лошиот старт одлично го завршивме натпреварот. Задоволни сме од нашето издание“, изјави Погба.

Следниот натпревар во Премиер лигата Манчестер Јунајтед го игра наредниот понеделник кога гостува кај Вулверхемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Mурињо „отпишал“ тројца фудбалери на Реал, еден не сака да слушне да замине!

Жозе Мурињо ги „отпиша“ Фран Гарсија, Раул Асенсио и Едуардо Камавинга, но последниот не с…