Дома Фудбал Англија Погба капитенски: Ги искритикува сите играчи, па и самиот себе!

Погба капитенски: Ги искритикува сите играчи, па и самиот себе!

Играчот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, кој го изведе тимот со капитенската лента во првите два натпревари од новата сезона, остро го критикуваше сите играчи за односот за време на мечот со Брајтон.

„Ние не заслуживме да победиме. Ставот што го имавме не беше токму она што сакавме да биде, за да можеме да победиме. Бевме гладни за успех. Прво се ставам себе си во оваа мисла – нашиот став не беше вистински. Ќе продолжиме да вложуваме напори и да се обидеме да го смениме тоа. Овој пораз ќе биде голема лекција за нас. Едноставно направивме грешки, што не требаше да ги направиме“, изјави Погба.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Не можете секогаш да влезете во натпревар со ист став како во претходниот. Секогаш се обидуваме да играме подобро. Знаеме дека можеме да играме многу добро во секој натпревар, но ставот треба да биде многу поинаков, а тоа недостасуваше против Брајтон“, рече Погба, кој не сакаше да одговори на прашање за Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…