Пол Погба наскоро и официјално ќе ја соопшти одлуката за новиот клуб, a според најавите тоа ќже биде италијански Јувентус.
Во меѓувреме, на Амазон излезе документарен филм со име “Pogmentary”, снимен по примерот на Леброн Џејмс и Антоан Гризман, а особено интересен беше петтиот дел во кој Погба зборуваше за тоа како дошло до кавгата со Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Се започна кога се повредив, отидов во Мајами да се опоравам. Папараците ме фотографираа мене и мојата сопруга, а Мурињо му ги испрати тие слики на Рајола. Не ми се допадна, му се обратив на Мурињо: „Дали е реален? Доаѓам да тренирам повреден три пати на ден. Што се замислува кој сум јас?“, зборува Погба во документарецот.
Французинот го изнервирало и тоа што Мурињо го нарече „вирус“ во соблекувалната. Подоцна Португалецот го напушти Манчестер Јунајтед, а Погба остана до крајот на сезоната која неодамна заврши.