Дома Топ вести Погба или Ериксен? Зидан веќе донесе одлука!

Погба или Ериксен? Зидан веќе донесе одлука!

Реал Мадрид во текот на летото ќе направи голема реконструкција.

Многу фудбалери ќе го напуштат „Сантијаго Бернабеу“, а тренерот Зинедин Зидан доби 500 милиони евра за да доведе засилувања, кои би го вратиле Реал Мадрид во самиот врв по очајната сезона.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Белгиската ѕвезда, Еден Азар за сега е единствениот играч кој за Реал е „готова работа“. Наскоро би требало сето тоа да стане официјално, а за неговите услуги Реал ќе мора да плати повеќе од 100 милиони евра.

Исто така, по неговиот пат ќе си оди најверојатно и Пол Погба. Французинот е желба на Зидан, па претседателот на клубот, Флорентино Перез сепак попушти и му дозволи да го доведе во клубот, покрај жестокото противење во претходниот период. Цената за Погба нема да биде мала. Англиските медиуми тврдат дека Реал ќе плати 150 милиони евра и така ќе ја наполни касата на Јунајтед.

Третото име од големите ѕвезди кое се поврзува со Реал е одличниот играч за врска на Тотенхем, Кристиан Ериксен. Зидан покажува голем интерес за неговото доведување, но според пишувањето на „Тајмс“ Зидан се откажал од него и се свртел кон Погба.

Цената која лондонскиот тим ја постави не е мала. Бараа дури 130 милиони евра, што Реал беше подготвен да ги плати. Сепак, фактот дека можат да го добијат Погба за 20 милиони евра повеќе беше пресуден и Зидан се одлули за сонародникот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …