Пол Погба ќе го напушти Манчестер Јунајтед на лето. Ова стана јасно по неодамнешната изјава на Мино Раиола кога тој остро го критикуваше клубот од „Олд Трафорд“.
На Пол Погба во Јунајтед не му оди според планираното. Никогаш не успеа да стане лидер на тимот, а честите проблеми со повредата, особено оваа сезона, дополнително го ослабнаа, па неговиот квалитет е доведен во прашање.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според извештаите на медиумите од Шпанија францускиот играч изборот за нареден клуб го намали на две опции. Ќе бира помеѓу заминување на Пиринеите или враќање на Апенините.
Имено, Погба во иднина се гледа во два клуба, а тоа се Реал Мадрид и Јувентус. Зинедин Зидан на клупата на Кралевите го чека со раширени раце, додека во редовите на Бјанконерите го играше својот најдобар фудбал.
Овој 26-годишен играч во досегашниот дел од сезоната запиша само осум натпревари, а поголемиот дел од сезоната го пропушти поради повреда на зглобот. Договорот со „Црвените ѓаволи“ му истекува летото 2021. година.