Aнглиската селекција се соочи со несекојдневен проблем. Се повреди нивниот селектор.
Како што пренесуваат медиумите, Саудгејт го дислоцирал рамото во текот на тренингот. Англичаните во првиот натпревар на Мундијалот го совладаа Тунис со 2:1, а во недела ќе играат против Панама.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Англиските репрезентативци денес добија слободен ден, но Саудгејт одлучил да трча во близина на кампот на репрезентацијата и го повредил рамото.
„Докторот ми кажа дека нема да можам да славам со рацете во воздух. Но, подобро јас да се повредам отколку некој од моите играчи“, изјави Саудгејт.