Енди Керол повторно е повреден.
Напаѓачот на Вест Хем веројатно ни самиот не знае колку пати досега бил повреден во кариерата. Своевремено важеше за еден од најголемите таленти, но повредите му создаваа големи проблеми.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Напаѓачот неколку пати мораше да оди на повеќемесечна пауза поради разни повреди, а сега повторно ќе мора на операција. Вест Хем соопшти дека нивниот фудбалер има проблеми со повреда на зглобот и дека поради тоа ќе отсуствува околу три месеци.
Керол се повреди на пријателскиот натпревар против Винтертур, а поради повреда ќе го пропушти остатокот од припремите и доколку нема нови проблеми на терените би се вратил кон почетокот на октомври.
Иначе од кога стигна во Вест Хем, Керол доживеа 12 повреди поради кои до овој момент отсуствуваше 1.028 дена, односно нешто помалку од три години. Значи сметајќи ја и оваа повреда тој наскоро длабоко ќе влезе во четвртата година кога во прашање е отсуството од терените.
Да потсетиме, Керол во Вест Хем пристигна летото 2013 година од Ливерпул, претходно го носеше дресот на Њукасл и Престон.
BREAKING: @WestHamUtd confirm Andy Carroll and @WinstonReid2 out for at least three months with injury. #SSN pic.twitter.com/0L3OOcpkNM
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 12, 2018