Дома Фудбал Повеќе нема дилеми: Познати детали од договорот на Компани и Баерн

Повеќе нема дилеми: Познати детали од договорот на Компани и Баерн

Познатиот германски новинар Флоријан Плетенберг на Твитер објави дека Баерн конечно ја завршил потрагата по нов тренер.

Така, според неговите ексклузивни информации, нов тренер на баварскиот гигант ќе биде белгискиот стратег Винсент Компани.

Барнли кој го водеше досега како оштета од Баерн ќе добие сума помеѓу 10 и 12 милиони евра.

Компани веќе претходно се договори со Баерн, па остана само клубовите меѓусебно да се договорат, а тоа се случило денеска и повеќе нема пречки Белгиецот да биде наследник на Томас Тухел.

Договорот кој ќе го потпише Компани со Баерн ќе биде со важност до 2027 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдињо повторно во копачки на 46 години: Го чека место во првиот тим на Равена!

Бразилската легенда е најавена како стартер за дербито со Форли во Серија Ц. Пријателствот…