Дома Трансфер зона Повеќе нема дилеми: Едно заминување од Манчестер Сити во јануари е сигурно

Повеќе нема дилеми: Едно заминување од Манчестер Сити во јануари е сигурно

Изгледа дека дилеми повеќе нема, Калвин Филипс сигурно ќе го напушти Манчестер Сити во јануари.

Одличниот играч за врска и стандарден репрезентативец на Англија не е задоволен од минутажата со Пеп Гвардиола, сака да игра на Европското првенство и за сигурно да добие повик од Герет Саутгејт мора да биде во клуб каде што ќе биде стандарден..


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сите ја знаат неговата ситуација и ќе видиме што ќе се случи. Ќе разговараме во јануари, но не е лесно“, изјави Гвардиола на прес-конференцијата пред последниот натпревар.

Пеп се надеваше дека Филипс може да остане до крајот на сезоната, но Фабрицио Романо кој важи за еден од најдобрите трансфер експерти на пазарот тврди дека ситуацијата со Филипс е решена и тој ќе замине.

Сезонава Филипс забележа само девет настапи во сите натпреварувања, одигра 306 минути и постигна еден гол, а играше и во средата во Белград против Црвена Звезда каде што Сити настапи со резервен состав.

Ќе потсетиме, Манчестер Сити го донесе Филипс од Лидс во летото 2022 година за сума од 50 милиони евра. Тој никогаш целосно не се вклопи во тимот, иако треба да се каже дека негов конкурент е Родри кој сигурно е еден од најдобрите во светот на таа позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид кој истекува на крајот на акт…