Кога овие информации доаѓаат од „Марка“, медиум кој важи за неофицијален гласник на Реал Мадрид многу веројатно е дека тоа ќе се случи. Зидан изгледа дека минатото лето беше во право…
Повеќе нема никакви дилеми, Реал Мадрид одлучи да го продаде Герет Бејл. Зидан сакаше да се ослободи од Велашанецот и минатото лето и изгледа дека беше во право. Сепак, Перез не дозволи тој да замине, па сега цената на Бејл значително се намали.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, клубот смета дека повредите го уништиле Велшанецот. Поради повреди Бејл во Мадрид пропушти 78 натпревари. Покрај тоа во Реал стравуваат дека останувањето на Бејл би можело да влијае на прогресот на младата ѕвезда Марко Асенсио.
Но, Бејл има договор и не мора да замине, иако тешко ќе прифати да биде резерва.
Она што е сигурно е дека Реал не ќе може да добие 90 милиони евра колку што бара за своевремено најскапиот играч во светот.
Какви се опциите?
Првата е тој да биде вклучен во трансферот на Еден Азар кого Реал се обидува да го доведе, но изгледа дека во Челзи не се расположени за таква опција. Втората е да го искористат како „мамка“ за Давид Де Геа, но Мурињо нема намера да се откаже од својот голман.
Третата е да го понудата на неговиот поранешен клуб, Тотенхем во замена за Хари Кејн. Тотенхем веројатно би го примил назад својот поранешен лидер, но тука е проблем платата. Бејл во Реал добива 15 милиони евра, а „петлите“ не би можеле да му понудата повеќе од 10.
Од оваа гледна точка јасно е дека потегот на Перез да го задржи Бејл, а да не го доведе Мбапе минатото лето е целосно промашување.