Дома Фудбал Англија Победи, поени, голови – Манчестер Сити руши рекорди во Премиер лигата

Победи, поени, голови – Манчестер Сити руши рекорди во Премиер лигата

Eкипата на Манчестер Сити која од клупата ја предводи Пеп Гвардиола игра сезона од соништата во Премиер лигата и апсолутно заслужено стигнаа до титулата.

„Граѓаните“ оваа сезона во Премиер лигата кога во прашање е борбата за титулата ја направија прилично неинтересна бидејќи практично на неколку месеци пред крајот на првенството освојувачот беше познат.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во еден момент изгледаше дека можат сезоната да ја завршат без пораз, како и Арсенал на почетокот на овој век, но сепак тоа на крајот не се случи Сити загуби од Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Сепак, „граѓаните“ во вчерашната победа против Брајтон од 3:1 успеаа да срушат неколку рекорди во Премиер лигата.

Прво, тоа за овој тим беше 31 победа оваа сезона што е најмногу од кога постои Премиер лигата. Потоа, до овој момент освоија 97 бодови што е исто така најмногу, а го срушија и рекордот по бројот на постигнати голови во една сезона – 105.

Овие бројки тимот на Гвардиола ќе има прилика и дополнително да ги подобри во последното коло против Саутемптон кое на програмата е во недела.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…