Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Победена е традицијата: Англија ќе игра за бронза, Хрватска за светска титула! (видео)

Победена е традицијата: Англија ќе игра за бронза, Хрватска за светска титула! (видео)

Трет натпревар во нокаут фазата за Хрватска и трет пат Хрватите ќе играат продолженија.

Како и во натпреварите против Данска и Русија, Хрватска и против Англија прва прими погодок.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Гордиот Албион“ стигна до предност уште во петтата минута од натпревар кога Кевин Трипиер на мајсторски начин од слободен удар успеа да го совлада Даниел Субашиќ.

Првото полувреме и припадна целосно на Англија која преку Хари Кејн пропушти 100% прилика за водство од 2:0, но за среќа на „коцкестите“ Субашиќ успеа да го одбрани неговиот удар.

Стартот на вториот дел не се разликуваше премногу, Англија повторно имаше иницијатива. Таквата иницијатива на Англичаните беше присутна се се до 68 минута кога Иван Перишиќ успеа да постигне гол за изедначување.

Од тој момент Хрватска заигра многу подобро, токму онака како и што се очекуваше. Само неколку минути после постигнатиот погодок Перишиќ доби прилика и за втор погодок, сепак неговиот удар заврши во стативата од голот на Пикфорд.

После регуларните 90 минути Хрватска и трет пат одигра 1:1 во нокаут фазата. Во претходните два натпревари успеваа да стигнат до победата после изведувањето на пенали.

Ако во претходните два натпревари победникот се решаваше после изведувањето пенали, овој пат тоа не беше случај.

Голот кој донесе огромна радост на Хрватска го постигна Марио Манџукиќ во 108-та минута од натпревар.

Хрватска во големото финале во недела ќе игра за светската титула против Франција.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Шкупи доби нов генерален директор

Ајкут Туран официјално презеде функцијата генерален директор – извршен директор на фудбалс…