Дома Фудбал Германија Победа на Хановер во вистинска „зимска идила“

Победа на Хановер во вистинска „зимска идила“

Во претпоследниот меч од 15. коло во Бундеслигата е одигран во вистинска зимска идила, Хановер на домашен терен славеше над Хофенхајм со 2:0.

По првото полувреме без погодоци, Фулкруг во 55. минута му донесе предност на домашниот состав, а сите дилеми околу победникот ги реши Мартин Харник пет минути пред крајот за конечни 2:0.

Така Хановер ја прекина црната серија од четири натпревари без триумф во Бундеслигата, и сега заостанува само бод на табелата зад денешниот ривал.

Хофенхајм остана на шестата позиција со 23 бода, а Хановер се проби на десеттата позиција со 22.

За потсетување, порано денес Кејн по големиот пресврт беше поразен на домашен терен од Фрајбург со 4:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Пјаниќ открива како Алегри го измамил Роналдо за слободен удар

Миралем Пјаниќ открива како Масимилијано Алегри го измамил Кристијано Роналдо за да изведе…