Екипата на Кил имаше добра увертира пред четвртфиналниот двомеч против Вардар во Лигата на Шампионите. “Зебрите“ во својата арена беа подобри во дербито од екипата на Фуксе Берлин, совладувајќи ја со резултат од 25:20.

Стартот на мечот им припадна на гостинскиот тим, кој ги постигна првите два гола на натпреварот, а во следните пет минути стигна и до водство од три голови разлика (2:5). Им требаше кратко време за загревање на избраниците на Гислансон, кои во продолжение од мечот ги ставија работите под своја контрола. Последната предност, екипата на Берлин ја имаше при резултат 4:6,  кога Кил направи резултатски пресврт и со серија од 5:0 успеа да поведе со 9:6. За момент само гостинската екипа ја прекина лошата серија и намали на 9:7, но до крајот на првото полувреме следи голема криза во играта на Берлин, која не можеше да се пронајде во нападот, каде постигнаа само еден единствен гол, за разлика од Кил кој немилосрдно ја полнеше нивната мрежа, па така по истекот на првите 30 минути имаа убедливо водсво од 15:8.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Првиот дел се покажа како решавачки за конечниот победник, а Фуксе ниту во вториот дел не можеше да се препознае и да ја пронајде својата вистинска игра, така по неполни шест минути, Кил имаше веќе и двоцифрена предност од 20:10. До крајот на натреварот немаше никакво загрозување на предноста на домаќинот, а гостинот успеа да намали на најмалку пет гола негатива, за конечни 25:20, на овој дерби натпревар од бундеслигата.

Марко Вујин беше најефикасен во триумфот, постигнувајќи шест голови. Кил се наоѓа во серија од пет последователни победи во лигата, со кои се вклучи во борбата за пласман во Лигата на Шампионите од следната сезона. Последниот првенствен пораз, Кил го има доживеано на 11-ти март од екипата на Магдебург. Првиот меч со Вардар се игра во недела, со почеток од 17:00 часот во “Шпаркасе арената“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Погледнете ја неверојатната трка на 16-годишното момче. Коментаторот: Дами и господа, ова е историја

Австралискиот тинејџер Гут (16) трчаше 100 метри за 10,04 секунди и победи на атлетското п…