Актуелниот шампион на Македонија, Шкендија ја запиша и втората победа на зимските подготовки во Анталија.
Откако претходно тетовци славеа со 4:1 против Пјаст Гливице сега Шкендија оствари триумф против уште еден полски тим. Со два гола на Валмир Нафиу и еден на Дашмир Елези Шкендија славеше победа со 3:1 против Варта Познањ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со оглед на ефикасноста во првенството Шкендија покажува напредок во офанзивата. На трите контролки до сега постигнаа девет гола и тоа се три гола во просек по натпревар. Ваквата ситуација секако треба да го радува Бруно Акраповиќ.
Фото: ФК Шкендија