Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФ: Работнички и Силекс до важни победи, Беласица ремизираше со Шкупи

ПМФ: Работнички и Силекс до важни победи, Беласица ремизираше со Шкупи

Денес беа одиграни натпреварите од 34-тото коло во македонската прва лига.

Тимот на Шкендија на гостински терен однесе убедлив триумф против Победа од 1:4. Зејнлуаи ја доведе Шкендија до водство во 10-тата минута, а само две минути подоцна Шефити зголеми на 0:2. Во 17-тата Ефремов намали на 1:2, а во финишот Шкендија со вториот гол на Шефити зголеми на 1:3. Во второто полувреме Бериша ги постави конечните 1:4.

Силекс во борбата за опстанок освои важни бодови против Вардар со триумф од 1:0. Единствениот гол на овој натпревар го постигна Георгиев од пенал.

Работнички со 2:0 беше подобар од Македониа ЃП, дека Шкупи против Беласица и Ренова против Академија Пандев одиграа реми 2:2 и 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…