Дома Македонски спорт ПМФЛ: Хасани ги разочара Битолчани, Пандевци поразни во Кратово

ПМФЛ: Хасани ги разочара Битолчани, Пандевци поразни во Кратово

Денес во првата македонска фудбалска лига се одиграа четири средби, а победи запишаа екипите на Шкендија и Силекс, додека две средби завршија без победник.

Шкендија со одлична игра на гостински терен го совлада Пелистер со резултат 1:3. Гостите од Тетово рано уште во третата минута стигнаа до водство, а погоди Хасани. За новиот погодок се чекаше до финишот на првиот дел кога во 40 минута Ферхан Хасани повторно го совладува чуварот на мрежата на домаќините, овој пат на мајсторски начин со одличен лоб удар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вториот дел започна мирно, без премногу шанси пред двата гола, во поголемиот дел од времето се играше на средината од теренот, се до 72 минута, кога Жуниор го одлучи прашањето на победникот и погоди за 0:3. Конечните 1:3 ги постави Матеј Цветановски само две минути подоцна.

Академија Пандев која одлично ја стартуваше сезоната доживеа пораз на гостувањето во Кратово каде што играше против тимот на Силекс. Силекс голот кој се покажа како одлучувачки го постигна уште во 10 минута кога по еден корнер, Бујчевски одлично се снајде и го пронајде патот до мрежата на Струмичани.

Во останатите два натпревари во кои играа Скопје против Работнички и Ренова против Победа мрежите мируваа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …