Со натпреварот во Кавадарци помеѓу Тиквеш и Македонија Ѓорче Петров од 14:00 часот стартува 10. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Останатите натпревари се играат утре, па затоа денес вниманието е насочено само кон оваа средба. Од стартот на сезоната Тиквеш важи за едно од најпријатните изненадувања. Избраницитен а Ѓорѓи Мојсов победуваат и во овој момент се четврти на табелата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Денес пред квадарчани е тежок предизвик, гостува Македонија Ѓорче Петров која рака на срце не игра сезона каква што очекуваа. „Лавовите“ не се прославија во претходните девет кола, но во минатото успеаа да излезат непоразени во пресметката Струга Трим Лум, па тоа можеби е најава за подобра форма и излез од кризата.
Тиквеш поради формата и домашниот терен можеби има блага улога на фаворит, но тоа не мора ништо да значи на теренот. Главен судија на натпреварот ќе биде Јован Качевски од Струга.
Фото: Фејсбук – Лозари Исток Кавадарци