Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Вардар и Шкендија славеа со по еден гол, Победа до важен триумф, реми на „пандевци“ и Пелистер

ПМФЛ: Вардар и Шкендија славеа со по еден гол, Победа до важен триумф, реми на „пандевци“ и Пелистер

Денес во терминот од 14:00 часот во македонското првенство беа одиграни четири натпревари.

Македонскиот актуелен шампион Вардар стигна до победа после три натпревари. Вардар во Скопје славеше победа против Ренова со минимални 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Блажевски.

Погдокот беше постигнат во 23 минута кога Максимов уфрли по земја од десната страна, а на вистинското место се најде Дејан Блажевски.

Лидерот Шкендија како и Вардар стигна до победа од 1:0 на свој терен во натпреварот против Силекс. Одлучувачкиот момент се случи во 16 минута кога Фазлагиќ со мајсторски удар надвор од шеснаесетникот го совлада голманот на гостите.

Прилепска победа по промената на тренерот стигна до триумд од 2:0 против Работнички на свој терен, додека Академија Пандев и Пелистер одиграа реми со по еден погодок и на двете страни.+

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Куп-пресврт за Вардар: по поразот од 1:3, доби четвртфинале на зелена маса

Вардар продолжува во Купот откако беше усвоена неговата жалба за настапот на Окере Ебубе В…