Денес од 14:30 часот се одиграа натпреварите од 11-то коло во македонското првенство и тоа помина во апсолутна доминација на домаќините.
Академија Пандев ја декласираше Македонија Ѓорче Петров со убедливи 4:0. Гостите од Ѓорче денес не прикажаа добра игра во Струмица и Пандевци не им дозволија да се надеваат на ништо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Дориев во 35-тата го отвори резултатот, а Стоилов само три минути подоцна погоди за 2:0. Нови два гола домаќините постигнаа во второто полувреме преку Рајковиќ и Томовски.
Вардар на арената „Тодор Проески“ не дозволи изненадување и го победи Борец со 2:0. Головите за црвено црните ги постигнаа Аврамовски после само три минути игра и Адем на дваесетина минути пред крајот.
Со овие победи Вардар и Академија Пандев остануваат лидери со ист број на бодови (24).
Во останатите натпревари Шкендија конечно одигра еден добар натпревар и запиша сигурна победа на свој терен во Тетово со 3:0, Марјанчо Андрески изгуби со Работнички на дебито во Чаир (2:0), додека Реноа од Струга се враќа со минимален пораз.