Дома Фудбал Англија ПЛ: Рашфорд и Марсијал обезбедија победа за Јунајтед, го имаме и официјално првиот второлигаш (ВИДЕО)

ПЛ: Рашфорд и Марсијал обезбедија победа за Јунајтед, го имаме и официјално првиот второлигаш (ВИДЕО)

Денес во рамките од 32-то коло во Премиер лигата во терминот од 16:00 часот беа одиграни пет натпревари.

Манчестер Јунајтед на својот „Олд Трафорд“ ја прекина низата од два врзани порази во низа во сите натпреварувања, така што „ѓаволите“ славеа против Вотфорд со резултат 2:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се играше 28-та минута кога Манчестер Јунајтед стигна до водство преку Лук Шо кој од својата половина испрати фантастична топка кон Рашфорд кој беше побрз од одбраната на „стршлените“ и го матираше Фостер за 1:0.

Со тој резултат се замина на полувреме за потоа за нешто помалку од половина час Јунајтед да ја дуплира предноста, Лингард го рпонајде Марсијал кој се снајде во гужвата со дефанзивците и голманот на Вотфорд и ја погоди мрежата.

Вотфорд до погодок стигна во 90-тата минута, а стрелец беше Дукуре, но беше доцна за избраниците на Хави Гарсија.

Треба да се истакне и дека Кристал Палас со победата од 2:0 го испрати Хадерсфилд и офицјално во Чемпионшип.

Премиер лигата резулати:

Барнли – Вулвс 2:0

Кристал Палас – Хадерсфилд 2:0

Лестер – Бурнемоут 2:0

Манчестер Јунајтед – Вотфорд 2:1

Брајтон – Саутемптон 0:1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…