Пливачкиот клуб Бета изминатиот викенд успешно го организираше петиот меѓународен пливачки натпревар „13ти Ноември“ каде настапија преку 300 пливачи од вкупно 12 земји.
За најуспешен клуб на овој натпревар беше прогласен домаќинот пливачкиот клуб „Бета“, додека како најдобри пливачи беа србинот Иван Ленџер и словенката Тјаша Возел.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пливачите на „Бета“ собраа вкупно 85 медали од кои 37 златни, 25 сребрени и 23 бронзени медали. Воедно поставија и нови шест македонски рекорди и тоа:
Ана Јаневска постави нов младински и апсолутен рекорд на Македонија во дисциплината 50 метри делфин со време 28,61, додека пак нашата пливачка Миа Блажевска Еминова постави нови рекорди за постари пионери во дисциплините:
100 метри слободно со време 01.01,34 каде го подобри 20 години стариот рекорд на Весна Стојановска со време 01.01,50. во дисциплината 50 метри делфин го подобри рекордот со време 31,36, во дисциплината 100 метри мешано со време 1.11,72, во дисциплината 50 метри грбно со време 33,09 и во дисциплината 50 метри слободно со време 28,36.