Дома Фудбал Останато Пирес го спореди Озил со легендарниот играч на Арсенал: Тој е магионичар!

Пирес го спореди Озил со легендарниот играч на Арсенал: Тој е магионичар!

Во овој момент Месу Озил е најплатениот играч на тимот на Арсенал, но и покрај тоа никако не успева да се прикаже во најдобро светло, а со тоа дефинитивно ги разочара фановите на Арсенал.

Меѓутоа во Арсенал и се свесни дека во своите фудбалери имаат играч од светска класа. За тоа е свесен и поранешниот фудбалер на „топџиите“, Роберт Пирес.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Озил во последно време имаше проблеми со грбот и поради не започна многу натпревари. Но, најважно е Озил да биде дел од стартниот тим. Зборуваме за многу паметен и интелигентен играч кој знае да асистира и погодува. За мене Озил е како Денис Бергкамп – магионичар, маестро. Единствено се разликуваат по тоа што Озил не е воин како Денис или како мене. Сепак, за добро да функционира еден тим се ви е потребно. Озил може да биде важен играч за секој тим во светот“, изјави Пирес, а потоа и даде оценка за работата на Емери во Арсенал.

„Емери работи добро од самиот почеток. Беше тешко за него затоа што многумина го споредуваа со Арсен Венгер кој е нешто посебно. Добро е тоа што Емери не ја промени филозофијата и го задржа стилот на Арсенал“, изјави легендарниот фудбалер за сегашната ситуација во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пике во проблем: Судот ја блокираше сметката на неговата компанија

Шпанскиот суд денеска нареди замрзнување на банкарската сметка на компанијата предводена о…