Дома Трансфер зона Пиоли „фрли око“ на играчот на Бодо/Глимит: Тој е играч за европско ниво!

Пиоли „фрли око“ на играчот на Бодо/Глимит: Тој е играч за европско ниво!

Милан вчера одигра натпревар против Бодо/Глимит во квалификациите за Лигата на Европа. После победата против норвешкиот тим од 3:2 Милан ќе игра против Рио Аве во Португалија.

Најзаслужен за победата на Милан беше Хакан Чалханоглу кој постигна два гола и забележа една асистенција. Пиоли во овој натпревар „фрлил око“ на еден од играчите на Бодо Глимит. Станува збор за младиот крилен напаѓач, Јенс Петер Хауге. Хауге беше асистент на првиот гол и го постигна вториот со одличен удар од далечина.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пиоли јавно го пофали и откри дека го скаутирале.

„Го скаутиравме добро и видовме што направи на натпреварот. Беше одличен, влегуваше помеѓу нашите лини и дриблаше на крилните позиции. Сигурно дека станува збор за фудбалер кој може да игра на европско ниво“, изјави Пиоли.

Оваа изјава би можела да биде најава за голем трансфер на Хауге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…