Стефано Пиоли не беше премногу разочаран после новото реми на Милан во првенството на Италија. „Росонерите“ не успеаа да најдат решение за одбраната на Торино и овој натпревар заврши без победник 0:0.
„Не одигравме лошо. Ја држевме топката во посед и создадовме неколку полушанси. Торино е тим кој знае одлично да се брани и не успеавме да најдеме магија во нападот. Резултатот е позитивен, иако не победивме“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Милан во овој момент е лидер на табелата, во овој момент има 68 бодови, два повеќе од Интер кој има и натпревар помалку. Наполи исто така е на 66 бодови, но со ист број натпревари како и Милан.
„Ништо не е завршено. Кој мисли дека некој е фаворит за Скудетото греши. Не смееме да бидеме нервозни и нетрпеливи. Сакаме да победиме на сите натпревари до крајот, но тоа ќе биде многу тешко. Се доведовме во добра позиција и сакаме да ја искористиме. Свесни сме дека не чека квалитетен ривал. Според мене битката за титулата ќе трае до последното коло“, истакна Пиоли.
Во наредното коло Милан ќе ја пречека Џенова. Распоредот на Милан, Интер и Наполи до крајот на сезоната можете да го погледнете – тука.