Дома Фудбал Италија Распоредот на Интер, Милан и Наполи до крајот на сезоната – кој е во „пол позиција“?

Распоредот на Интер, Милан и Наполи до крајот на сезоната – кој е во „пол позиција“?

Како и во Премиер лигата каде што се борат Сити и Ливерпул (распоредот тука), така имаме интересна битка и во Серија А, а таму три екипи се во борба за Скудетото, Интер засега е во „пол позиција“.

Милан вчера „киксираше“ и одигра 0:0 против Торино, „росонерите“ така останаа лидери, но повеќе не зависи ништо од нив затоа што Интер има натпревар помалку и ако победи на сите натпревари до крајот ќе ја одбрани титулата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Милан е прв на табелата со 68 бода, Интер и Наполи имаат по 66. До крајот има уште шест кола, а еве како изгледа распоредот на овие три тима. Во заостанатиот натпревар Интер треба да игра со Болоња.

МИЛАН – 68 БОДА

Милан – Џенова

Лацио – Милан

Милан – Фиорентина

Верона – Милан

Милан – Аталанта

ИНТЕР  – 66 БОДА

Специја – Интер

Интер – Рома

Болоња – Интер

Удинезе – Интер

Интер – Емполи

Каљари – Интер

Интер – Сампдорија

НАПОЛИ

Наполи – Рома

Емполи – Наполи

Наполи – Сасуоло

Торино – Наполи

Наполи – Џенова

Специја – Наполи

Ако судиме според имињата на противници најтежок е можеби распоредот на Милан, но останува да видиме во каква форма ќе бидат трите главни кандидати за титулата во Италија во завршницата од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…