Дома Фудбал Италија Пиоли изненади: Одби да се извини на навивачите по дебаклот против Интер

Пиоли изненади: Одби да се извини на навивачите по дебаклот против Интер

Стратегот на Милан, Стефано Пиоли одби да им се извини на навивачите по вчерашниот дебакл од Интер од 1:5, потенцирајќи дека не чувствува дека е виновен ниту за овој, ниту за претходните четири во низа од градскиот ривал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Изјавата на Пиоли по мечот беше малку изненадувачка кога во прашање се фановите, бидејќи многумина очекуваа тренерот да преземе вина по еден таков дебакл на теренот.

„Немам намера да се извинам. Дали некој тука мисли дека ние намерно примивме пет гола? Жал ми е, но сметам дека се извинува само некој кој нешто прави намерно. Кога во прашање се поразите на претходните натпревари, можете да мислите што сакате.

Навистина загубивме пет по ред, но верувам дека можеме да бидеме подобри во следните натпревари. Интер е силени и не изненади, ние со некои слаби реакции им помогнавме да дојдат до убедлив триумф“, изјави Пиоли.

Во овој момент Милан е на третата позиција со девет освоени бодови и во следното коло ќе се соочи со Верона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…