Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Пикси најави офанзивна Србија и порача: Не читам што се пишува

Пикси најави офанзивна Србија и порача: Не читам што се пишува

Во Србија со нетрпение го чекаат натпреварот против Швајцарија кој се игра во петок и во кој ќе решаваат за пласман во следната фаза.

Денес селекторот Драган Стојковиќ-Пикси ја одржа и прес-конференцијата за медиумите. По натпреварот Пикси беше мета на критики и многу брзо од херој на Србите го прогласија за главен виновник за ремито во кое Камерун успеа од 3:1 да се врати до 3:3.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сепак, на денешната прес-конференција Пикси порача дека не чита што се пишува за него и фокусиран на важниот натпревар.

„Ако сакате верувајте ми, ништо не сум читал, ниту сум зборувал со некого за тоа. Верувам дека имало критики, но не се занимавав со тоа“.

Најавува дека состојбата во репрезентацијата е добра.

„За разлика од пред неколку дена здравствената состојба е добра.  Сите работеа и се чувствуваат добро, на располагање се за натпреварот“.

Србија можеби ќе игра со тројца напаѓачи.

„Работевме дефанзивно, да не се случуваат грешки како против Камерун. Самите сме виновни. Се обидовме во нападот со верзија со еден напаѓач, двајца или тројца. Влаховиќ е многу подобри од претходните два натпревари. Во конкуренција е за настап, но би било несериозно да откривам дали ќе игра. Ќе видиме што ќе се случува“, истакна Стојковиќ.

Натпреварот Србија и Швајцарија го играат утре од 20:00 часот, а на Србија за пласман во осминафиналето потребна и е победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Панчев: Лицемерството на Западот ѝ пресуди на Црвена звезда

Легендата на Црвена звезда, Дарко Панчев е огорчен по поразот на црвено-белите од Милан (1…