Дома Фудбал Останато Пикси за четвртфиналето во 1990: Јас плачам, доаѓа Марадона и ме прегрнува

Пикси за четвртфиналето во 1990: Јас плачам, доаѓа Марадона и ме прегрнува

Смртта на Диего Армандо Марадона ги погоди љубителите на фудбалот, а еден од оние кои имаше прилика да игра против него на теренот е легендарниот југословенски фудбалер, Драган Стојковиќ Пикси.

Пикси за „Блиц.рс“ зборуваше за Марадона и неговата големина.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Си замина најголемиот, волшебникот во копачки. Беше Бог, за мене инспирација. Марадона беше божество, тоа ќе ви го каже секој во Аргентина или Неапол. Неверојатна личност во секоја смисла. Мислам дека на планетата не постои љубител на фудбалот кој не го сакаше. Едноставно е, ако си човек мораш да го сакаш Диего. Многу сум потресен, прерано замина“.

Се потсети Стојковиќ и на четвртфиналето на Мундијалот во Италија во 1990 година, Југославија тогаш на пенали изгуби од Аргентина.

„Се сеќавам на тој болен пораз. Знаете ли како се загреваше Марадона? Во копачки без врвки. Тој можеше и бос да се загрева затоа што тој е Марадона. Во пенал серијата ја погодив стативата, не знаев каде се наоѓам. Ми беше полесно кога Марадона не погоди. Потоа нивниот голман ни одбрани два удари и ние испаднавме. Плачев, а тогаш дојде Диего ме прегрна и ми кажа: “Немој да плачеш, таков е животот. Видов колку добар играч си, ќе има на што да се радуваш“. Ако нешто тогаш можеше да ме утеши, тогаш тоа беа неговите зборови“, изјави Пикси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатна ситуација: Голман суспендиран на 11 месеци затоа што му светеше со ласер на колегата 🎥

Во мексиканскиот фудбал видовме една неверојатна ситуација во која голманот од редовите на…