Шпанските медиуми пред неколку дена објавија дека после седум години завршила љубовта помеѓу Жерар Пике и познатата пејачка Шакира.
Фудбалерот на Барселона е во љубовна врска со Шакира од 2010 година со која има и две деца. Како што споменавме шпанските медиуми објавија дека Шакира одлучила да го напушти Пике и да се пресели во САД.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, Колумбиската пејачка ги демантираше овие приказни и порача дека се работи само за уште една лага од страна на шпанските медиуми, односно мадритските медиуми. Денес се огласи и Пике кој преку својот Инстаграм профил откри како стојат работите и на интересен начин им испрати порака на медиумите кои објавија дека дојден крајот на неговата љубовна врска со Шакира.