Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике откри интересна случа од времето на неговиот престој во Манчестер Јунајтед.
Пике како тинејџер се пресели на „Олд Трафорд“, а во Манчестер живеел во апартман кој е во сопственост на легендарниот менаџер Алекс Фергусон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пике бидејќи бил сам во Англија решил во станот да си донесе донашно милениче – зајче.
„Го инавмив апартманот од Сер Алекс и решив да си купам зајак. Тој едноставно го уништи местото го изгриза целиот мебел. Откако заминав еден ден ми се јави Ферги и беше силно изнервиран“, објаснува Пике.
„Бев сам, немав семејство, немав пријатели, морав да донесам милениче. Сметав дека куче ќе биде многу големо за тој простор, па си купив зајче. Меѓутоа, зајчето ми направи проблеми со Сер Алекс“, открива дефанзивецот.