Дома Топ вести Пике му одговори на Куман: Не го облекувам овој дрес да бидам втор или трет!

Пике му одговори на Куман: Не го облекувам овој дрес да бидам втор или трет!

Барселона вчера доживеа нов кикс одигрувајќи 0:0 против Кадис во 5. коло од Ла Лига и со ова реми каталонскиот гигант веќе има седум бодови помалку од водечкиот Реал.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Има Барселона натпревар помалку, но со оглед на играта и начинот на кои губат бодови, тешко е да се верува дека ќе се вклучат во борба за титулата ако нема некоја промена.

Пред натпреварот со Кадис Роналд Куман порача дека со тимот со кој располага не може да се освојуваат титули, па затоа неговата цел е да биде во врвот на Ла Лига. После мечот со Кадиз на Куман му одговори Пике.

„Не го облекувам овој дрес за да освојам второ или трето место, Барселона победува и се бори за трофеи секогаш. Овој тим има се што е потребно за такво нешто. Поминуваме низ нешто на кое не сме навикнати, ова е турбулентна година, но убеден сум дека ќе победуваме. Сите играчи се заедно во таа цел и барајте поделби, тоа нема да му помогне на никој“, изјави Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Очајнички потег на Бенфика да го привлече Мурињо за Лисабон пред Реал Мадрид

Управата на Бенфика е решена да го задржи својот главен тренер Жозе Мурињо, додека расте и…